Имаме можност да видиме од кои елементи се состои камерата на телефонот Xiaomi 12s Ultra.
Јутјуберот Зак пред неколку дена од каналот JerryRigEverything објави видео во кое го става телефонот со најголемата камера на светот на тест за издржливост.
Сега реши да ни покаже како изгледа камерата која се наоѓа на задната страна на телефонот Xiaomi 12s Ultra и од кои елементи се состои.
Главната камера на телефонот користи Sony IMX989 сензор, со резолуција од 50MP, а самиот сензор е со големина од еден инч. Покрај споменатата камера, телефонот користи уште два сензори на задната страна: 48MP широкоаголен и 48MP макро.
Претходно дознавме дека сензорот има некои карактеристики што му овозможуваат да биде поотпорен на гребење од повеќе конвенционални сензори.
Поврзани артикли