Играта Gran Turismo 7 е побогата благодарение на новото ажурирање со уште три фантастични автомобили.
Компанијата Polyphony Digital го подготви ажурирањето 1.19 кое меѓу другото носи три нови бесплатни автомобили. Станува збор за моделите Porsche 918, Nissan Skyline Super Silhouette и Maserati A6GCS/53 Spyder. Автомобилите значително се разликуваат, но секој има историско значење.
Porsche се приклучи на флотата GT7 како втор од трите автомобили кои го сочинуваат „светото тројство“ на хибридни хиперавтомобили. McLaren P1 е во игра од порано, но моментално е достапна само верзијата P1 GTR. Ferrari LaFerrari се уште чека.
Што се однесува до Maserati A6GCS/53 Spyder, тоа е црвен италијански спортски автомобил кој ја освои наградата Gran Turismo на Пебл Бич во 2014 година. Наградата на крајот носи „бесмртност“ во франшизата Gran Turismo.
Nissan Skyline Super Silhouette беше еден од најдоминантните „тркачи“ од Групата 5 во своето време и е првиот што се врати во франшизата од ерата на PlayStation 1.
Ажурирањето исто така носи две локации на Scapes за фотографирање автомобили, тоа се Томика Таун и Дого Онсен. Исто така, се очекуваат решенија за одредени багови.