BMW во изминатиот период покажа неколку фантастични прототипови, а сега на ред е Z3 придвижуван од V12 мотор.

Тој е базиран на прототипот Z3 V12, во чиешто срце е V12 мотор кој развива 375 КС и е преземен од моделот 850 CSi. Од BMW велат дека е направен само за да се види дали е можно да се „набие“ V12 во Z3.

Друг интересен автомобил е кабриолетот E34 M5. Во современиот свет каде што BMW произведе два кабриолета базирани на моделот M5, односно M6 и M8, овој концепт не изгледа премногу радикален, но навистина беше во своето време. BMW беше блиску до масовно производство, но се повлече во последен момент затоа што се сметаше дека тоа ќе и наштети на продажбата на кабриолетот од Серијата 3.

E34 M5 беше последниот рачно изработен M модел и беше придвижуван од линиска шестка со 266 КС, базирана на онаа на суперавтомобилот М1.

Исто како и седанот, кабриолетот има погон на задните тркала, а силата се пренесува преку петстепен мануелен менувач.

Во истото видео е и оригиналниот M8 Prototype. Во свет каде што BMW M8 се нуди во три каросериски стилови, како Coupe, кабриолет и Gran Coupe, тешко е да се запамети дека Серијата 8 не секогаш имала „фабричка“ верзија М.

За разлика од модерниот модел М8, овој има V12 мотор со 640 КС, базиран на оној што се користеше на трката 24 часа Ле Ман.

Тоа е повеќе од новиот модел со V8 твин-турбо мотор, но оваа верзија за жал никогаш не влезе во производство.

Сите автомобили се дел од изложбата на музејот БМВ во Минхен.