Познатиот индиски дојавувач Мукул Шарма објави некои спецификации за обичниот Xiaomi 12T. Со што ќе се пофали овој телефон?
Xiaomi 12T ќе пристигне како наследник на телефонот Xiaomi 11T, кој беше претставен во септември минатата година. Серијата Xiaomi 12T најверојатно ќе пристигне малку порано. Сега Мукул Шарма откри некои детали за овој телефон.
Xiaomi 12T specifications leaked#xiaomi #xiaomi12t #xiaomi12 pic.twitter.com/ftkLxbWxd0
— RM Update (@RM_Update) June 27, 2022
Иако се очекуваше обичниот Xiaomi 12T да се напојува со чип од тајванскиот MediaTek, Шарма известува дека овој телефон сепак ќе се напојува од чипот Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm, кој беше претставен неодамна. Овој чип ќе пристигне во комбинација со 8GB или 12GB работна меморија (RAM) и 128GB или 256GB простор за складирање податоци.
Дополнително, споменатиот типстер наведува дека телефонот ќе има екран со висока стапка на освежување од 120Hz, но не прецизира за каков тип на екран се работи, иако голема е веројатноста да се работи за AMOLED екран.
Xiaomi 12T (tentative name)
8GB/128GB
8GB/256GB
12GB RAM variant is possible too
Android 12/MIUI 13
NFC
Snapdragon 8+ Gen 1
120Hz AMOLED
120W fast charging
OIS.#Xiaomi #Xiaomi12T— Mukul Sharma (@stufflistings) June 27, 2022
Телефонот, наводно, ќе се испорачува со Android 12 преку кој ќе се најде MIUI 13 на Xiaomi. Дополнително, Шарма вели дека Xiaomi 12T ќе пристигне со поддршка за брзо полнење од 120 W, што би било подобрување во однос на неговиот претходник, кој доаѓа со брзо полнење од 67 W.
Дојавувачот, за жал, не откри детали за камерите на телефонот, што сигурно многумина ги интересира, но изјави дека сензорот за главната камера ќе пристигне со OIS поддршка. Tој исто така истакнува дека Xiaomi 12T ќе пристигне со NFC поддршка.
Со оглед на тоа дека ова се првите гласини во врска со овој телефон, оваа информација треба да се земе со одредена доза на резерва. Сигурно е дека поконкретни информации за телефонот ќе дознаеме во наредните денови.