Деновите на оригиналниот Overwatch се избројани. Неодамна Blizzard откри дека Overwatch 2 ќе биде објавен на 4 октомври, заменувајќи го шестгодишниот оригинален Overwatch.
Оваа промена ќе имплементира голема количина на нови содржини – нови херои, нови мапи и многу повеќе. Веста за оваа промена изненади многумина, бидејќи се очекуваше оригиналниот Overwatch и Overwatch 2 да коегзистираат.
Сепак, со можноста играчите да отклучуваат „скинови“ и префрлување на други козметички елементи, како и фактот дека Overwatch 2 преминува во модел за бесплатно играње, се чини дека веќе немаше причина да се задржи оригиналниот Overwatch.
„Нашата цел не е да ја поделиме базата на играчи, туку да ја направиме транзицијата кон Overwatch 2 што е можно поедноставна. Кога Overwatch 2 ќе биде објавен како бесплатна услуга за играње на 4-ти октомври, тој ќе го замени сегашниот систем Overwatch. Содржината, што играчите ја отклучија во Overwatch со текот на годините, автоматски ќе се префрли на играчите во Overwatch 2″.
Loot box-овите автоматски ќе додадат содржина во инвентарот на играчот и сите неискористени монети ќе бидат префрлени. Сепак, Blizzard планира да создаде нова валута за Overwatch 2, така што старата нема да може да купи се што е достапно во продавницата во играта.