На тестот за издржливост на популарниот YouTube-ер, се најде интересен телефон ZTE Axon 40 Ultra.
Популарниот YouTuber Zak, од каналот JerryRigEverything, тестираше нов телефон – ZTE Axon 40 Ultra. Уредот беше подложен на вообичаени маки: гребење и палење на екранот, гребење на позадината и на крај свиткување на телефонот под притисок на рацете.
Екранот на телефонот ZTE Axon 40 Ultra е изгребан од шестото ниво на скалата Мос, со подлабоки засеци од седмото ниво. Она што е импресивно е тоа што телефонот нема никакви отвори или засеци на екранот.
Селфи камерата е скриена под дисплејот, што на екранот му дава одличен изглед и континуитет. За жал, квалитетот на селфи фотографиите не е задоволителен, но се очекува оваа технологија да напредува во наредните години.
Задниот дел на телефонот е многу интересен. Има стакло со текстура, со уникатен изглед, кое не се гребе така лесно.
Најинтересен е секако тестот за свиткување. Под притисок на рацете, ZTE Axon 40 Ultra се покажа како уште еден солиден телефон кој е издржлив, има интересен дизајн и солидни спецификации.