Во текот на викендот, како дел од настанот „Xbox and Bethesda Showcase“, гејмерите конечно добија шанса да го видат гејмплејот за Starfield.
Starfield е напреден AAA RPG наслов на Bethesda Game Studios. Играта беше најавена во 2018 година, а сега имаме можност да го видиме првиот трејлер во траење од 15 минути.
Играта ќе биде објавена во 2023 година и ќе се појави за Xbox Series X / S, Xbox Cloud и PC (верзијата за компјутер доаѓа преку Xbox Game Pass / PC Game Pass, Microsoft Store и Steam платформи).
Starfield ќе има 100 ѕвездени системи и повеќе од 1.000 планети. Сите планети ќе можат целосно да се истражат, а играчите ќе можат да го слетаат својот брод каде било на површината.
Гејмплејот покажува слетување на нова планета, следење на туѓи форми на живот, копање по ресурси и други елементи.
Има и приказ на борба и летање. Bethesda потврди дека играчите на Starfield ќе можат да дизајнираат, градат, опремуваат и летаат со сопствен авион, а играта ќе вклучува и создавање на оружје.
Со повеќе од 1.000 планети достапни за истражување, Starfield моментално е најголемата RPG игра на Bethesda. Во моментов, нема официјални барања за системот за компјутер за да ја стартувате играта.