Земјите-членки на Европската унија вчера постигнаа договор за воведување единствен полнач за мобилни телефони, таблети и камери, на кој производителите на телефони и таблети ќе треба да се прилагодат до 2024 година.
Планот, кој беше претставен минатата година, беше одобрен вчера, а според проценките на Европската комисија на потрошувачите ќе им заштеди околу 250 милиони долари годишно.
„Производителите на телефони и таблети ќе мора да ги почитуваат овие правила до есента 2024 година. Производителите на лаптопи ќе имаат повеќе време за промена, поточно 40 месеци откако новите правила ќе стапат на сила“, наведува Bloomberg.
Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон рече дека европските потрошувачи ќе можат да користат еден полнач за сета пренослива електроника.
„Европските потрошувачи ќе можат да користат еден полнач за целата нивна пренослива електроника, што е важен чекор за зголемување на удобноста и намалување на отпадот“, рече Бретон.
Со овој план што го усвои Европската комисија, компаниите како Apple ќе бидат принудени да ги приспособат своите уреди на т.н. USB-C конектори најчесто користени од уредите со Android.
Американскиот гигант Apple, кој ја брани својата технологија за полнење, жестоко се спротивстави.
Поврзани артикли