По одложувањето на проектот на неодредено време, CD Project Red официјално потврди дека надградбата на следната генерација на играта The Wither 3: The Wild Hunt ќе се случи во текот на четвртиот квартал од оваа година.
Оваа нова верзија на The Witcher 3 ќе се вика The Witcher 3: The Wild Hunt – Complete Edition и ќе ги вклучува сите содржини достапни за оригиналната игра (сите DLC и проширувања), како и нова содржина инспирирана од серијата The Witcher на Netflix.
Минатиот месец, развојот на надградената верзија на следната генерација на The Witcher 3 беше префрлен од Sabre Interactive на CD Projekt Red тимот на дивелопери.
Следната генерација Witcher 3 ќе биде достапна за компјутер, Xbox Series X / S и PlayStation 5. Играта ќе биде достапна за постоечките сопственици бесплатно, со надградби и закрпи за соодветните системи.
Поврзани артикли