Експертите пронајдоа повеќе од 200 апликации за Android на Play Store, кои дистрибуирале spyware наречен Facestealer и кој се користел за кражба на чувствителни податоци.
Истражувачите за безбедност на компанијата Trend Micro забележале над 200 апликации на Play Store кои дистрибуираат шпионски софтвер Facestealer. Овој злонамерен софтвер се користел за кражба на чувствителни податоци од заразени уреди.
Злонамерните апликации можеле да украдат акредитиви, колачиња на Facebook и други информации поврзани со личната идентификација на корисникот. Некои од злонамерните апликации, откриени од безбедносни експерти, се инсталирани повеќе од сто илјади пати.
Шпионскиот софтвер Facestealer првпат беше откриен во јули 2021 година. Повеќето од заразените апликации биле VPN софтвер (42), апликации за камера (20) и апликации за обработка на фотографии (13).
„Апликациите за Facestealer се маскирани како едноставни алатки – како што се VPN, камери или апликации за уредување фотографии и фитнес апликации – што ги прави примамливи мамки за оние што користат ваков тип на апликации“, истакнуваат од компанијата Trend Micro.
Поврзани артикли