Од Blizzard доаѓаат неколку нови детали за елементите кои ќе ја красат следната игра од популарната серија.
Кога Blizzard го објави Diablo 4 во 2019 година, малку се знаеше за играта, а потоа информациите се појавуваа спорадично. Сега е објавен нов квартален извештај во кој компанијата нуди повеќе детали за содржината во играта.
Според наводите на Blizzard, изгледа дека Diablo 4 ќе има пет различни региони во рамките на играта и ќе има повеќе од 150 зандани кои играчите ќе можат да ги истражуваат, каде што ќе можат да се борат со чудовишта и да собираат богатство.
Се очекува секоја зандана да има свој динамичен систем на временски услови, светлосни ефекти и додатоци кои треба да го направат гејмерското искуство уникатно и различно.
Во овој момент, Diablo 4 сè уште нема датум на издавање. Наскоро се очекува да започнат однапред нарачките за Diablo Immortal на платформата iOS, па играчите ќе имаат за што да се занимаваат додека не се појави главната атракција.
Поврзани артикли