Студијата, направена од истражувачи на Универзитетот во Бристол и Империјал колеџ во Лондон, откри дека употребата на лекови против зголемување на тромбоцитите, како што е аспиринот, за лекување пациенти со тежок облик на ковид, не ја менува краткорочно здравствената слика.
Но, откриле дека е поголема веројатноста пациентите кои земале вакви лекови да преживеат во следните три месеци. Резултатите од студијата се објавен во The Journal of the American Medical Association (JAMA).
Во клиничкото истражување биле вклучени 1.557 пациенти критично болни од COVID-19 во 105 болници во Канада, Германија, Франција, Индија, Италија, Непал, Холандија и Велика Британија, во текот на 2020 и 2021 година.
На некои пациенти им било дадено аспирин, на некои друг вид антитромбоцитен лек, а на некои не е даден антиагрегационен лек. Главниот фокус било да се види како овие лекови влијаат на должната на времето додека на пациентите им било потребна поддршка на органите, како што е на пример, поддршката за дишење.
Истражувачите откриле дела овие краткорочни исходи биле слични, без разлика дали пациентот бил или не бил лекуван со антиагрегационен лек.
Потоа, истражувачите продолжиле да го следат напредокот на секој пациент во текот на 90 дена и откриле дека е поголема веројатноста да преживеат оние биле лекувани со ваков лек (70,5% шанси за преживување со 67,3% кај пациенти кои не се лекувани).
Во иднина, истражувачите ќе продолжат да ги проучуваат овие лекови кај критично болните пациенти, фокусирајќи се на долготрајното преживување со цел да дознаат повеќе за тоа кој пациент најверојатно ќе има поголема корист.