Популарниот стриминг сервис Spotify се повлекува од Русија поради новите руски закони кои предвидуваат затворски казни за емитување информации за војната во Украина, кои отстапуваат од официјалните најави на руското Министерство за одбрана.

„Новите правила дополнително го ограничуваат пристапот до информации, ја елиминираат слободата на изразување и криминализираат одредени видови вести, што е ризик не само за вработените во Spotify во Русија, туку и за нашите слушатели“, се вели во соопштението на Spotify.

„По внимателно разгледување на сите опции во сегашните околности, моравме да донесеме тешка одлука целосно да ги прекинеме нашите услуги во Русија“, се вели во соопштението

Spotify со тоа им се придружи на голем број големи меѓународни компании кои се повлекоа од Русија. Меѓу другите, го направија McDonalds, Starbucks, Apple, Samsung…