Долгоочекуваната интеграција на SPI INTERNATIONAL во рамките на CANAL+ Group конечно е завршена. Од SPI INTERNATIONAL велат дека одобренијата од сите европски јурисдикции се добиени и дека со задоволство ќе продолжат заедно да ја градат успешната приказна.
SPI INTERNATIONAL е глобална медиумска компанија која долги години е присутна на европскиот пазар, позната по одличното искуство во дистрибуција и емитување на различни содржини низ целиот свет. Докажаното искуство на SPI ќе биде одлична можност Групацијата CANAL+ да ја зајакне својата понуда на квалитетни содржини за Pay TV на европскиот пазар, но и да развие нови понуди и услуги кои ќе ги задоволат вкусовите на клиентите ширум светот.
Групацијата CANAL + го искажа своето задоволство што SPI INTERNATIONAL ќе ја продолжи својата светска експанзија во рамките на CANAL +.
Групацијата CANAL+ е водечка медиумска компанија распространета низ Европа, Африка и Азија. Групацијата CANAL+ има вкупно 23,7 милиони претплатници ширум светот, вклучувајќи 9 милиони само во континентална Франција. Заедно со STUDIOCANAL, CANAL+ Group е европски лидер во продукција, откуп и дистрибуција на играни филмови и ТВ серии. Исто така, поседуваат неколку бесплатни канали како и рекламна агенција. CANAL+ Group е во целосна сопственост на комуникациската групација Вивенди.
SPI INTERNATIONAL е глобална медиумска компанија која работи со 42 ТВ канали и неколку дигитални производи овозможувајќи, како главен дистрибутер на содржини, нивно емитување на шест континенти. Компанијата работи и со повеќе бесплатни и платени ТВ канали во Централна и Источна, Западна Европа, и екс-ју регионите вклучувајќи ги клучните европски пазари како Полска, Чешка, Романија, Србија и Холандија. SPI Group ги поседува препознатливите брендови како FilmBox, Film1, Kino Polska, Stopklatka, Dizi заедно со различни тематски канали и услуги за стриминг, вклучително и FilmBox+. Работејќи со над 700 оператори ширум светот, SPI користи врвна технологија обезбедувајќи им на своите претплатници пристап до линеарната содржина и содржината на SPI on-demand. Изминативе 25 години, SPI INTERNATIONAL стана лидер во дистрибуцијата на филмови и телевизиски програми на меѓународните пазари. Соработката на SPI со главните носители на правата за прикажување на филмови обезбедуваат привлечна и препознатлива содржина, за која има огромна побарувачка.