Уште во јули минатата година, Google апликацијата за iOS ја доби опцијата за бришење на последните 15 минути од историјата на пребарување. Речиси девет месеци подоцна, корисниците на Android почнаа да известуваат дека оваа опција стана достапна и на нивните уреди.
„На Google I/O настанот во 2021 година, компанијата објави дека ќе воведе опција за бришење на последните 15 минути од историјата на пребарување. Опцијата се појави на iOS во јули минатата година, но беше најавено дека ќе пристигне и на Android подоцна. Се чини дека конечно доаѓа“, напиша високиот технички уредник на Esperdev“, Мишаал Рахман.
At Google I/O 2021, Google announced it'd roll out an option to delete the last 15 minutes of your search history. This rolled out on iOS in July 2021 but was said to come to Android later. Well, it appears to now be rolling out!
Thanks to @panduu221 for the tip! pic.twitter.com/gdtAa1pIFo
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) March 18, 2022
Како што наведе Рахман, Google задоцни со воведување на оваа опција на својата Android апликација. Според компанијата, таа требаше да биде објавена кон крајот на 2021 година, но поради некоја причина тоа не се случи.
Како што пренесува The Verge, во моментов не е сосема јасно дали Google ќе ја воведе оваа опција и на десктоп, бидејќи на својот настан минатиот мај, не беше прецизирано на кои платформи ќе биде достапна.
Поврзани артикли