Google го развива Android 13, а еден од новитетите е што апликациите ќе бараат дозвола од корисникот на уредот за испраќање нотификации.
Оперативниот систем iOS на Apple има слична функција веќе со години и е многу корисен начин за корисниците да ги ограничат известувањата само на оние што сакаат да ги добиваат. Гугл очигледно оди по истиот пат.
Барањето дозвола за испраќање известувања ќе биде потребно за сите апликации на Android 13.
Во Google очекуваат дека бета верзиите на новиот оперативен систем да бидат достапни во април, додека корисниците на Android 13 најверојатно ќе бидат го добијат по месец јули.