Американската агенција за национална безбедност го објави документот „Комуникација со вонземска интелигенција“ во кој предупредуваат дека вонземјаните можат да дојдат во контакт со луѓето преку сигнали со висока фреквенција и велат дека „не сме сами во вселената“.
Декласифицираниот документ на NSA објаснува различни методи кои вонземјаните би можеле да ги користат за да комуницираат, пишува The Sun.
„Не сме сами во вселената. До пред неколку години ова не звучеше убедливо, но денес постоењето на други интелигентни суштества во вселената го земаме како нешто што е сигурно“, се вели во документот.
Еден од начините на кои вонземските цивилизации би можеле да допрат до човештвото е преку сигнали со фреквенција од 1420,405752 мегациклуси во секунда и бранова должина од 8,26 инчи.
Тие исто така велат дека веруваат дека најблиските интелигентни суштества во универзумот се оддалечени сто светлосни години, но исто така се согласуваат со светски познатиот астроном Бернард Ловел, кој рече дека има најмалку 100 милиони ѕвезди во универзумот кои би можеле да ја „поддржат“ органската еволуција.
Извор: 24sata.hr