Аптеките во Австрија останале без калиум-јодид, кој штити од таложење на радиоактивниот јод, додека пак во Хрватска исто така има голема побарувачка за овие таблети поради страв од нуклеарен напад како последица на актуелната украинско-руска војна.
Меѓутоа, според зборовите на специјалистот кардиолог Марија Здравковиќ, калиум-јодидот не би бил доволен во случај на изложување на радиоактивност.
„Тоа е препарат кој се дава при акутно изложување на радијација поради спречување на врзување на радиоактивните честитки, односно радиоактивниот јод за ткивото на штитната жлезда. Јасно е дека во случај на било какво изложување на радиоактивност, калиум-јодидот не би бил доволен затоа што и другите елементи влегуваат во телото, пред сè стронциум, радиоактивни честички“, изјавила докторката.
„Многу е комплексно дејството на радиоактивности на телото. Имаме хроничен и акутен ефект, но апсолутно не треба да хистеризирате и да имате страв од радиоактивен удар. Тоа не носи ништо добро“, изјавила д-р Здравковиќ и истакнала дека секако последиците од изложување на радиоактивност се големи.
„Многу влијае на психичкото здравје и на состојбата на срцето, доведува до зголемен ризик од заболувања од кои и ден-денес заболуваат голем број од луѓето низ цел свет, а тоа најчесто се кардиоваскуларните болести“, заклучила докторката.
Извор: B92.net