Xiaomi воглавно ги избегнува MWC настаните, дозволувајќи му на својот бренд Poco да дојде во центарот на вниманието. Сепак, компанијата нема уште долго да молчи, бидејќи изворите тврдат дека наскоро доаѓа голема најава – флегшип моделите од серијата 12 ја добиваат глобалната верзија.
Настанот ќе се одржи онлајн на 15 март и ќе го најави доаѓањето на Xiaomi 12 серијата во Европа и евентуално во други региони, пренесува Android Planet. Сепак, не е јасно дали сите три модели – Xiaomi 12, 12 Pro и 12X – ќе бидат достапни. Можеме ли да го видиме Xiaomi 12 mini за кој се зборуваше? Или можеби Xiaomi 12 Lite? Дури и Xiaomi 12 Ultra?
Во секој случај, маркетиншката кампања ќе се фокусира на камерите, а настанот ќе го носи слоганот „Совладајте ја секоја сцена“. Да потсетиме, сите три смартфони имаат главни камери од 50 MP, но Pro има поголем сензор од другите два (1/2,8″ наспроти 1/1,56″). Pro моделот има тројна камера од 50 MP, вклучувајќи телефото од 50 MP (2x оптички зум) и 115° ултра широк. Другите две имаат ултра широки (123°) 13 MP и телемакро камери од 5 MP.
Xiaomi 12 и 12 Pro го имаат флегшип процесорот на Qualcomm – Snapdragon 8 Gen 1 и од она што го научивме од Geekbench, моделите во Европа ќе продолжат да го користат истиот чип. 12X го користи постариот Snapdragon 870.
Според гласините од пред неколку дена, цената на Xiaomi 12 Pro се движи од 1.000 до 1.200 евра, додека Xiaomi 12 се очекува да чини некаде во опсег од 800-900 евра. 12X ќе биде најприфатлив, се разбира, за 600-700 евра.
Поврзани артикли