Минатата година, MediaTonic обезбеди делумна поддршка за cross-play за Fall Guys, а сега оваа опција е конечно завршена.
Првобитно корисниците на PlayStation и PC играчите можеа да направат лоби за да ja играат Fall Guys едни против други, а можеа да се видат и корисниците на други системи при креирањето натпревари, но не беше можно да се прават cross-platform забави. Меѓутоа, сега тоа се промени благодарение на новата надградба.
Fall Guys сега има целосна cross-play поддршка, а сите кои се пријавени на Epic Accounts и поврзани со Fall Guys играта можат да се повикуваат едни со други и да креираат забави (parties). Исто така, во cross-platform групите е можно да се учествува во достапните плејлисти, вклучувајќи ги Squads, Duos и Main Show.
Mediatronic објави и некои детали за новиот режим во играта Fall Guys наречен Sweet Thieves, кој пристигнува во блиска иднина. Режимот ќе ви овозможи да изберете помеѓу две улоги, Thief и Guardian. Како Thief, играчот мора да украде што е можно повеќе „слатки“, додека Guardian треба да го пронајде и фати крадецот.
Поврзани артикли