Кај човековите органи за пресадување крвната група е еден од пресудните фактори за компатибилност, но благодарение на успехот на канадските научници, тоа би можело да се промени.
Канадските научници за прв пат ја промениле крвната група во човековите органи за трансплантација.
Во научното списание “Science Translational Medicine” е објавен начин за изработка на “универзални” човечки органи за трансплантација со било која крвна група.
“Latner Thoracic Surgery Research Laboratories” и центарот за трансплантација “Ајмер” при “UHN” докажале дека е можно безбедно да се промени крвната група во донорските органи за трансплантација.
На пример, дарителите со крвна група “0” се сметаат за универзални, бидејќи во нивната крв нема аглутиногени (протеини А и Б), што значи дека е прикладна за сите пациенти, вклучувајќи ги и оние со најретката, “АБ” крвна група.
Канадските службеници успеале да ја променат крвната група на пресадените органи во “0”, така што ја ослободиле од специфичните антигени со помош на ензими “FpGalNAc-deacetylase” и “FpGalactosaminidase”.
На почетокот на експериментот ја тестирале оваа метода на ткиво на аорта, а потоа успешно ги уништиле протеините од групата А во осум примероци на бели дробови. На ензимите им биле потребни околу четири часа да ги уништат речиси сите аглутиногени.
Истакнуваат дека оваа постапка би можела да ја зголеми достапноста на органите за трансплантација, но и да го олесни пронаоѓањето на соодветни органи за лица кои имаат ретки крвни групи.
Извор: Zimo.hr