Се веруваше дека дигитализацијата на музиката подобро влијание врз животната средина, и преземањето и емитувањето преку стриминг сервисот влијаат на намалување на емисиите на јаглерод диоксид поради тоа што не постои физичка копија чие производство влијае на емисијата на штетни гасови. Новите истражувања покажуваат дека тоа можеби и не е случај, и дека ситуацијата е уште полоша.
Поточно, се работи за фактот дека истражувачите имаат објавено научни трудови кои покажуваат на тоа дека емисијата на штетни гасови се зголемила во споредба со периодот кога цветаше производството на плочи, касети и музички цд-а. Вистината е дека дигитализацијата ја намали употребата на пластика, бидејќи корисниците можат да слушаат што сакаат без купување на физичка копија, за околу 10 долари месечно. Очигледно тоа не е доволно, бидејќи е дојдено до заклучок дека стримингот води до производство на над 350 милиони килограми штетни гасови годишно, што е повеќе од 157 милиони, колку што еммитувало при производството на грамофонски плочи во 1977 година, кога производството го достигнало својот врв.
Забележано е дека не се земаат во предвид штетните ефекти на транспортот и пакувањето на физичките примероци и дека корисниците слушаат музика додека прават некои други работи на нивните уреди, така што тие не трошат многу дополнителна енергија во однос на оние што сигурно ќе потрошат за други активности. Така, истражувачите не повикуваат да се вратиме на физичките примероци, но сакаат корисниците да водат сметка за потрошената енергија и да изберат услуги што имаат најниско влијание на планетата.
Поврзани артикли