Американската агенција за храна и лекови одобри апликација за смартфони која работи во тандем со пумпа за вбризгување инсулин. Американскиот производител на медицински уреди Tandem Diabetes Care со седиште во Сан Диего, кој развива инфузиска терапија со инсулин, доби дозвола за клиничка примена на надградбата за апликација за дозирање инсулин која управува со t:slim X2 уредот за инјектирање.
Ова е прв пат една Android и iOS апликација за телефон да смее да се користи за дозирање инсулин со помош на t:slim X2 пумпата. Корисниците на пумпата ќе можат да го програмираат или да го откажат земањето инсулин во текот на оброк и полесно да го одржуваат нивото на гликоза во крвта под контрола.
Давањето инсулин за време на оброци со помош на пумпа преку апликација за смартфон е практично и дискретно решение, велат од Tandem Diabetes Care. Tandem Diabetes Care е водечка компанија за уреди за дијабетес. Нивната мобилна апликација t:connect веќе прикажува трендови на шеќерот во крвта, историјат на примањето инсулин и сите предупредувања и аларми.
Од Tandem велат дека ажурирањето на апликацијата ќе се испорача до избрани корисници оваа пролет, а во текот на летото ќе биде лансирана за генерална употреба.
Извор: Vidi.hr
Поврзани артикли