Интернет-страниците за е-трговија управувани од кинеските компании Tencent и Alibaba Group се ставени на американската листа на озлогласени пазарни ентитети, кои наводно продаваат или олеснуваат продажба на фалсификувани стоки.
Списокот опфаќа 42 онлајн-пазара и 35 физички пазари за кои е пријавено дека се вклучени или ја олеснуваат трговијата со фалсификувани трговски марки или пиратеријата на авторски права, објави Си-ен-би-си повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR).
Според соопштението на USTR, на листата се вклучени и „Алиекспрес“ и екосистемот за онлајн-шопинг „Вичет“, два големи кинески интернет-пазара, кои наводно дозволуваат продажба на фалсификувани стоки.
Поврзани артикли