Samsung Galaxy Note серијата со години е единствената опција за добивање „пенкало“ со вашиот телефон, но тоа ќе се промени. Оваа година Motorola ќе донесе поддршка за стајлус на својот флегшип модел Edge 30 Pro, пишува 9to5Google.
Во однос на дизајнот, компанијата не промени многу во однос на претходниот модел. Новитетот е футролата што ќе овозможи да се види делот од екранот каде што се наоѓа приказот на времето, прогнозата и примените известувања.
Најголемата новост, секако е поддршката за „Smart Stylus“ или популарното „пенкало“. Ова не е прво искуство од ваков вид за компанијата, но е првпат да ја претстави оваа опција со еден од своите флегшип модели. Стајлусот ќе се наоѓа на предната страна, што речиси сигурно ја исклучува можноста да биде вграден како составен дел од телефонот, како кај Galaxy S22 Ultra моделот. Поверојатно е дека ќе биде сместен во внатрешноста на споменатата футрола.
Edge 30 Pro ќе пристигне со 6,7-инчи голем екран во 1080p резолуција со освежување од 144 Hz. Процесорот е Snapdragon 8 Gen 1 со 8GB RAM и 128GB простор за складирање податоци. Батеријата ќе има капацитет од 5000mAh. Телефонот пристигнува со Android 12 оперативниот систем, додека системот на камери ќе го сочинуваат главна и широкоаголна камера со ерзолуција од 50 MP, 2 MP сензор за длабочина и 60MP предна камера.
Поврзани артикли