Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат пушачите е интимноста со партнерот, посебно ако тој не пуши. Секако, за вашиот партнер повеќе да не се жали, нопред сè и за вашето здравје, најдоброто решение е целосно да се откажете од пушењето.
Во услови кога сте одлучиле да не се откажете од никотинот во целост, за да го избегнете чадот од цигарите, можете да изберете алтернативи без чад, како што се производите за загревање. Овие производи го загреваат тутунот при што се ослободува само никотин, но без создавање чад, со што се избегнува емисијата на илјадници штетни хемикалии кои се наоѓаат во чадот од цигарите. И секако, се избегнува и непријатната миризба која им пречи на партнерите кои не пушат цигари.
Еден од начините, иако не толку ефикасен, би бил секогаш да ги измиете забите пред романтичен состанок. Дури и во овој случај останува непријатната миризба одцигарата, но барем може да биде придружена сочувството на свежина од нане.
Ставањето на едно или две сушени каранфилчиња на јазикот е уште еден начин да се ослободите од лошиот мирис на цигарите кога планирате да се сретнете со партнерот.
Лошиот мирис од цигарите е тешко да се отстрани, бидејќи останува на облеката и косата. Меѓутоа, мирисот останува најмал проблем на цигарата; нејзиниотвистински проблем се 6.000 хемикалии кои ги ослободувачадот, од кои 100 е научно докажано дека предизвикуваат болести. Затоа е важно целосно да се откажете од пушењето или барем да пронајдете алтернативни начини да консумирате никотин без испуштање на чад.