Едукативната активност „Имам став“ претставува симулација на процесот на поднесување предлог-законот во рамките на Собранието на Македонија
Отворено е пријавувањето за новата сезона на едукативната активност „Имам став!“, организирана од страна на Собранието на Република Северна Македонија, која ќе се одржи виртуелно во текот на месеците март и април. На активноста може да се пријави секое средно училиште од земјата.
Едукативната активност „Имам став“ претставува симулација на процесот на поднесување предлог-законот во рамките на Собранието на Република Северна Македонија. Како што самото име посочува, активноста со која раководи Парламентарниот Институт, ги поттикнува учесниците да имаат свој став во врска со актуелните политички теми и ќе имаат можност да ги бранат приложувајќи свои аргументи. Една од најважните цели на оваа активност е да се приближи работата на Собранието и донесувањето закони до младите. Тоа ќе придонесе во развивање на свеста за демократија и поттикнување како и подготовка за општествена и политичка вклученост и критичност. Оваа активност е подготвена по примерот на едукативната активност „My Point of View“ од страна на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација.
Учесници на симулацијата, којашто ќе започне на 15.03.2022, се ученици од средно образование, кои се предводени од најмногу тројца ментори-професори. Учеството на „Имам став!“ е колективно, односно учесниците се пријавуваат како група, а не индивидуално. Поради состојбата во земјата врз којашто влијае пандемијата, предизвикана од COVID-19, Парламентарниот Институт реши оваа година симулираните седници да се одржуваат виртуелно, со користење на софтверска платформа за онлајн колаборација.
Поврзани артикли