Минатата година, Samsung вети дека ќе понуди 4-годишна софтверска поддршка за своите телефони и таблет уреди – тоа се три главни ажурирања на оперативниот систем и четири години безбедносни закрпи. Обврската ги покриваше флегшип моделите, како и моделите кои се наоѓаат пониско во производната линија, како што се А и М сериите. Сега компанијата одлучи да ги издвои своите флегшип модели со додавање дополнителна година во нивниот животен циклус.
Ова значи дека новонајавените модели Galaxy S22 и Galaxy Tab S8 ќе добијат четири нови генерации на Android OS и безбедносни закрпи во текот на пет години. Бидејќи почнуваат со Android 12, треба да стигнат до Android 16 и да ја добијат својот последна закрпа во 2027 година.
Има и добри вести за сопствениците на флегшип моделите на Samsung од 2021 година – за нив важи истиот распоред на софтверска поддршка, што значи дека ќе добијат уште едно ажурирање на OS и дополнителна година закрпи од првично планираното. Ова го вклучува преклопниот Z3, како и премиум моделите од серијата S21 (вклучувајќи го и S21 FE). Сепак, Galaxy S20 серијата и постарите телефони на преклоп остануваат на нивниот четиригодишен циклус.
Galaxy S22 серија
• Galaxy S22
• Galaxy S22+
• Galaxy S22 Ultra
Galaxy Tab S8 таблет уреди
• Galaxy Tab S8
• Galaxy Tab S8+
• Galaxy Tab S8 Ultra
Galaxy Z3 преклопни модели
• Galaxy Z Fold3
• Galaxy Z Flip3
Galaxy S21 серија
• Galaxy S21
• Galaxy S21+
• Galaxy S21 Ultra
• Galaxy S21 FE