Донирај за психолошка поддршка на загрозените семејства
Љубезност е здружение на граѓани кое дава помош и поддршка на бездомни и социјално загрозени семејства и поединци. Здружението започна како иницијатива во 2013 година и се формализира во 2015 год. како невладина организација која работи во социјалната сфера.
Во изминатиов период заедно со нашите искрени и посветени соработници од иницијативата Ways2help реализиравме безброј акции на донирање на храна, училиштен прибор, компјутери, како и плаќање на заостанати сметки за струја и вода на голем број наши сиромашни сограѓани.
Во тие рамки најистакнати се резултатите за плаќање на заостанати сметки за струја, каде што благодарение на донаторите (индивидуални и правни лица) од септември 2020 година до Дек. 2021 год. директно беа платени вкупно 1.441 сметка за струја на 195 семејства во вредност од 2.831.727 денари.
Во нашата досегашна работа увидовме огромна потреба од психолошка поддршка за луѓето кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а се наши крајни корисници. Оваа поддршка сега е потребна повеќе од било кога порано. За таа цел, Љубезност во соработка со Ways2Help и Разговор.мк прибира донации кои ќе се искористат за покривање на трошоците за советување на лицата од социјално загрозени семејства со лиценцирани психолози. Донациите соодветно ќе можат да се спроведат преку дигиталната платформата на Ways2Help во посебен модул – Razgovor.mk. Секоја донација ќе биде дуплирана од страна на Разговор.мк до максимална сума од 55,000 денари.
Потребно е да се обезбеди психолошка помош на 20 семејства. Соодветно според вредноста на собраните средства ќе се одреди бројот на сесии кои што ќе можат да се обезбедат за секое од семејствата.
Ја повикуваме јавноста, општествено одговорните компании и сите други општествени чинители да се приклучат на оваа акција и заедно да им ја овозможиме и те како потребната психолошка поддршка на лицата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Контакт за повеќе информации: @ways2help.us /
https://ways2help.us/kontakt/Сметка за донации:
ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – ПОМОШ И ПОДДРШКА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19
300000004499963 Комерцијална банка
Цел на дознака: Донации за психолошки сесии преку Ways2Help
Поврзани артикли