Клучот за контрола на вирусот е развојот на вакцини кои се поефикасни во спречувањето на инфекцијата, тврдат кинеските истражувачи.
Дури и со глобална стапка на вакцинација од 95 проценти, ако мобилноста на населението се врати на нивоата во 2019 година, сите региони кои не се вакцинирани ќе се соочат со повеќе од 234 милиони инфекции во една година и 2 милиони смртни случаи, се согласуваат кинеските научници и експерти.
– Човечката раса треба да продолжи да развива вакцини и да истражува нови начини за подобрување на заштитата што ја обезбедуваат вакцините од инфекција со цел да се елиминира Ковид-19 на глобално ниво – рече тимот кинески експерти во нивната работа објавена во петокот во неделниот билтен на Кина.
– Клучот за контрола на Ковид-19 лежи во развојот и широката употреба на вакцини кои се поефикасни во спречувањето на инфекцијата – велат од овој тим експерти.
Ројтерс наведува и дека кинеската стратегија за „нулта толеранција за ковид“ е под зголемен надзор во последните неколку недели, бидејќи таа земја е домаќин на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Кинеските научници ја повторија потребата да се одржуваат строги контроли на Ковид, велејќи дека ризиците од пренесување на инфекцијата се превисоки и дека масовната инфекција би извршила неподнослив притисок врз здравствениот систем.