Автомобилската индустрија стана исклучително сложена во последните децении. Се внимава на сè, па дури и и на тоа како ќе мириса автомобилот
Бидејќи автомобилскиот производ е составен од голем број различни материјали кои можат да бидат изложени на различни услови на животната средина, особено во однос на температурата, исклучително е важно какви мириси ќе се испуштаат при екплоатација.
Мирисите во кабината се составен дел од возачкото искуство и самата удобност, а за да се биде како што треба тука се мајсторите за сетило за мирис. Станува збор за таканаречени Smell Masters кој, на пример, во Nissan ги проверуваат сите сериски автомобили. Работата сама по себе не изгледа премногу тешка, барем не на почетокот, но на крајот е многу сложена и одговорна. На крајот на краиштата, сите знаеме колку е тешко да се задоволи широк опсег на корисници, а во случајот со мирисот на нов автомобил, тоа е особено тешка задача.
Рјуносуке Ино е еден од мајсторите за мирис кои работат во техничкиот центар во Ацуги. За Европа се грижи специјален тим предводен од Питер Карл Истленд, додека во Америка главен и одговорен е Тори Карл. Имено, не сите автомобили мирисаат исто, дури и кога зборуваме за една марка и еден модел. Имено, мирисите се „согласуваат“ по афинитети, па на пример европскиот Nissan и оној во Америка не мирисаат исто.
Во Nissan велат дека човек може да регистрира стотици различни мириси, а повеќето од нив остануваат зачувани во меморијата и се поврзани со одредени чувства. Затоа, мирисите во кабината се од суштинско значење и се проверуваат посебно за возачот и сите патници. Особено е важно како мириса воланот или предната арматура, односно површините најблиску до патниците.
Проценката на мирисот се врши во посебна лабораторија со опрема која прецизно ја контролира влажноста и температурата. Целта е јасна, а тоа е да се обезбеди задоволителна удобност во однос на мирисот.
Притоа, „мирисачите“ мора брзо да реагираат бидејќи мозокот брзо се навикнува на мирис. Имаат само неколку минути и потоа треба да се ресетираат. Ино го прави тоа така што ја помирисува раката во пределот на лактот. Тоа е препознатлив мирис кој го враќа на почетокот и овозможува прифаќање на нови мириси.
И не само тоа, нивната работна облека не треба да се пере со детергент, а не треба ниту да се ни пушачи. Исто така, храната како лук не е дозволена, барем еден ден пред да мирисаат автомобили. Сите заинтересирани за оваа работа можат да се пријават и да полагаат тест. Ако излезе дека имаат развиен талент, ќе имаат можност да работат многу интересна работа.
Извор: Додај Гас