Целата постапка, заедно со испишувањето на резултатите е готова за помалку од пет минути
Како да се тестираат голем број луѓе на Ковид-19, а тестовите да бидат точни, прецизни и што е најважно брзо завршени? Група научници осмислија тест со издишување кој може да открие зараза со вирусот SARS-CoV-2 за само пет минути.
Тестот со издишување е најмногу сличен на тестирањето на алкохол со полициски уред. Едно лице дува или издишува воздух во посебна цевка која е поврзана со сензор кој ги мери испарливите органски соединенија во здивот, кои се карактеристични за лице заразено со коронавирус. Интересно е што на овој начин е можно да се откријат луѓе кои се заразени, но немаат никакви симптоми.
Во една студија објавена во списанието ACS Nano, тие објаснија дека нивниот уред користи чип со три SERS сензори во сребрени наноцевки. Пациентот треба само да издишува во цевката 10 секунди за сензорот да го открие вирусот.
Соединенијата откриени од сензорот во здивот се анализираат со преносен Raman спектрометар, кој има 3,8 отсто лажни негативни и само 0,1 отсто лажно позитивни резултати. Целиот процес, заедно со печатењето на резултатите е готов за помалку од пет минути.
Авторите на студијата се надеваат дека ваквите уреди и тестови би можеле целосно да ги заменат PCR тестовите и BAT-овите на места каде што е неопходно во краток период да се тестираат повеќе луѓе и на тој начин да се спречи ширењето на коронавирусот.
Поврзани артикли