Сервисер за електроника од Кина направи огромна надворешна батерија (power bank) со огромен потенцијал.
Сме имале можност да видиме големи екстерни батерии, со капацитет до 30.000 mAh, кои се доволно преносливи за да можат да се поместуваат.
Генг, сервисер на електронски уреди од Кина создаде огромна надворешна батерија од 27.000.000 mAh.
Handy Geng објави видео на YouTube во кое детално го опишува процесот на создавање на овој огромен уред. Според проценката на Генг, надворешната батерија има капацитет да наполни повеќе од 5.000 телефони, од кои секој има батерија од 3000 mAh.
Надворешната батерија е со димензии 1,8 x 1,2 метри (должина и ширина), а има заштитна рамка и околу 60 порти.
Поддржува напонски потенцијал од 220V, преку неговите излезни конектори за полнење. Интересно е тоа што може да напојува и големи електронски уреди, како што се телевизори и машини за перење, а може да полни и електрични скутери.
За полесен транспорт, Генг додаде тркала на надворешната батерија. Батеријата изгледа како стандардна надворешна батерија, со таа разлика што е многу поголема.
Извор: B92.net