Потребно е помалку време за некој кој бил изложен на ковид потенцијално да му се појават симптоми. Манифестацијата на симптомите е пократка, а пократок е и периодот во кој лицето е заразно, а најчесто пократко е и времето потребно за опоравување велат од Американските центри за контрола и превенција на болести во однос на омикрон варијантата.
„ Еден до два дена пред појавувањето на симптомите како и два до три дена по појавувањето на симптомите лицата со омикрон се најзаразни. Податоците на Центрите за контрола и превенција на болести покажаа дека по седум дена нема ризик од пренос. Што се однесува за периодот од петтиот до седмиот дена зависи дали лицето е вакцинирано, дали има други болести, но ризикот опаѓа, особено ако се почитува носењето маска“ – вели Алисон Арорди, претставничката на Одделот за јавно здравје.
Лицата кои немаат никакви симптоми, а со тест е утврдено дека имаат ковид, според подадоците на ЦДЦ, се сметаат за заразни најмалку два дена пред позитивниот тест.
Тестирањето треба да се направи или веднаш или најдоцна пет дена по појавата на симпотомите.