Промовирајќи политика на родова рамнотежа и поставувајќи голем број жени на различни раководни позиции, Сеавус доживеа голем раст во изминатите години
Дискусијата околу родовата рамнотежа во светот на бизнисот отсекогаш била водена од идејата за квоти и регрутирање, посебно во рамки на технолошкиот простор. Но, откако ова поле не доживеа задоволителен напредок во последните години, компаниите се обидоа да ја променат тактиката. Наместо да ја третираат технологијата како околина која има потреба од подобра рамноправност, тие се обидуваат да најдат технолошки решенија кои ќе ги поправат социјалните нееднаквости што го предизвикуваат овој јаз меѓу родовите. Со други зборови, наместо да поттикнуваат повеќе жени во технолошкиот простор каде што преовладуваат мажи, многу компании истражуваат како да применат технолошки решенија во областиод типот на финансиска писменост, дизајн на производи,недоследност во податоците, и на тој начин да им овозможат на жените еднаков почеток во нивните технолошки, инвестициски или претприемнички потфати.
Како меѓународна компанија составена од мултинационални тимови кои работат заедно, Сеавус, дел од групацијата Арикома, промовира силна политика на родова рамнотежа и има поставено голем број жени на различни раководни и технички позиции. При регрутирање на нови вработени, Сеавус ги зема предвид само знаењето на кандидатите и нивната страст за постигнување успех во работата. Во компанијата веруваат дека работата треба да ја добие најквалификуваната личност, додека пак полот, расата или националноста не треба да имаат никаква улога.
Минатогодишното истражување на Harvey Nash/KPMG CIO покажува дека родовата разноликост во технологијата не е на посакуваното ниво и дека само 11 проценти од технолошките лидери и само околу една петтина од ИТ тимовите се жени. Ова претставува проблем веќе со децении, а напредокот се одвива бавно. Она што е клучен проблем кога станува збор за бројот на жени во индустријата е перцепцијата на инженерството како машка професија и недостигот на информации кои го тврдат спротивното.
Сеавус посветено се залага за застапеност на различностите и им дава поддршка на жените да се вклучат во ИТ секторот и да напредуваат во својата кариера. Жените овде напредуваат и до лидерски позиции благодарение на своето знаење, посветеност и напорна работа. Во продолжение, се запознаваме со жените во Сеавус и нивното мислење за родовата еднаквост, различноста и инклузивноста, амбициите и напредокот.
Посветена поддршка на родовата еднаквост, различноста и инклузивноста
Политиката на Сеавус за родова еднаквост, различност и инклузивност помага да се создаде позитивна работна средина во која вработените се чувствуваат почитувани, признати и мотивирани да постигнат најдобри резултати. Виолета Максимова, финансиски менаџер во Сеавус, зборува за причините поради кои се посветува внимание на овие нешта.
„Сеавус отсекогаш посветувал големо внимание на родовата еднаквост, а фактот што 65 отсто од менаџерските позиции во компанијата ги извршуваат жени е доволна потврда за тоа. Нашиот деловен модел на мултинационални тимови кои работат заедно е уште еден доказ за нашата посветеност на различностите. Веруваме дека ангажирањето налуѓе од различни профиликои ќе треба заеднички да работат за постигнување на иста цел е клуч за растот. Кај нас, кога мислиме на различност, мислиме на различни идеи, различни перспективи, различни искуства, различни мислења и можеби различни стилови на работа, кои нè прават посилни и ни помагаат да го достигнеме нашиот целосен потенцијал“, вели Максимова.
Обезбедување еднакви можности за работа
Со јасен фокус за обезбедување еднакви можности за вработување, родова разновидност и рамнотежа помеѓу работата и животот, вработените добиваат поддршка постојано да растат и да го прошируваат своето знаење. Сите овие фактори придонесуваат за позитивна работна средина во која вработените се чувствуваат признати и почитувани. Оливера Геговска, менаџер за човечки ресурси, ја опишува корпоративната култура на Сеавус и начинот на кој компанијата ги охрабрува жените да аплицираат за слободни работни места.
„Сеавус е мултинационална компанија која е разновидна во многу погледи. Ги опфаќа различните културни, социјални и религиозни потекла на своите вработени и промовира разновидни и спротивставени идеи како квалитет што треба да се има. Овој долгогодишен деловен пристап ги опфаќа и жените. Нашата корпоративна култура ги фаворизира вредностите на знаење, стабилност, извонредност, агресивност, самоувереност и желба за постојано учење, унапредување и раст, како квалитети врз основа на кои ги бираме луѓето што ги вработуваме и им ги доделуваме работните места што најмногу им одговараат. Ние не само што ги поддржуваме и на секој можен начин се стремиме кон стандардите на еднаквост, социјална вклученост и на секаква, па и родова различност, туку и живееме според овие стандарди“, смета Геговска.
Предизвици со кои се соочуваат жените кои работат во технолошкиот сектор
Своето искуство поврзано со предизвиците со кои се соочуваат жените што работат во технолошкиот сектор го презентираа Тијана Ѓуровиќ, главен финансиски директор на Сеавус, и Ружица Калкашлиев, менаџер на Одделот за Managed Services во Сеавус.
„Мислам дека околностите и луѓето со кои сме опкружени, на работа и воопшто во животот, се токму такви какви што треба да бидат. Со други зборови, треба да научиме да прифаќаме дека секогаш сме на вистинското место, токму овде и токму сега – максима која важи и за нашите работни места и за сите други предизвици со кои се среќаваме на патот наречен живот. Следствено, верувам дека за сите жени кои сме избрале да работиме во технолошкиот сектор тој претставува вистински избор. И ако нешто не е во ред, можеме слободно да го промениме“, потенцира Тијана Ѓуровиќ.
„Во споредба со глобалниот процент на жени во технолошкиот свет, кој е многу низок, жените во Сеавус, а особено жените во дивизијата Managed Services на Сеавус, имаат многу поголема застапеност во тимовите. Главниот двигател зад овој феномен без сомнение е нашиот силен тимски дух. Како раководител на сектор, не можам доволно да ја истакнам важноста од градење тимски дух преку споделување знаење и помагање на колегите во нивните секојдневни задачи, поради што секој ќе го заврши работниот ден со насмевка на лицето“, вели Калкашлиев.
Влијанието на жените врз Сеавус и неговиот раст
Свое мислење за влијанието на жените врз бизнисот и растот на Сеавус, како и врз ИТ индустријата воопшто, даде Марија Трајковска, менаџер за регрутирање на Сеавус.
„Разновидноста во една компанија има огромно влијание врз пристапот кон бизнисот, креативноста и растот. Иако голем број индустрии, покажуваат трендови на раст на женска работна сила, во секторите како инженерство и технологија сѐ уште има силна машка доминација. Ме радува што тоа не е случај со Сеавус. Во Сеавус секој има еднакви можности за раст и напредок. Тоа го покажува и статистиката за родова рамнотежа во нашата компанија. Се ценат искуството, знаењето, проактивноста и постојана надоградба.Toa што на жените им дава блага предност во бизнисот се развиените меки вештини и емоционалната интелигенција.Управувањето со конфликти, емоционалната самосвест, тимската работа, прилагодливоста и емпатијата се компетенции кои дефинитивно се потребни за успех на жената во бизнисот и растот на една компанија“, нагласува Трајковска.
Како Сеавус ја подобрува перцепцијата за напредокот на жените во ИТ индустријата
Главниот оперативен директор во Сеавус, Дејан Петрески, објаснува што прави компанијата за да ја промени оваа перцепција и како придонесува за промовирање на начините на кои жените можат да напредуваат.
„Значајниот јаз во родовата застапеност во ИТ индустријата на глобално ниво донекаде се должи на фактот што на почетокот во оваа индустрија преовладуваа мажи, а со оглед на нејзиниот брз раст во изминатите две до три децении, немаше многу време ова да се промени. Од друга страна, присуството на жени на менаџерски позиции е тука забележително, посебно во споредба со другите индустрии. Поставувајќи жени на лидерските позиции во нашата компанија, создаваме рамнотежа и можности, и обезбедуваме модели кои докажуваат дека единствената граница што може да ја имате во ИТ е вашата сопствена волја и желба да успеете. Ние се залагаме за рамнотежа и општествено еднаква средина каде сè се сведува на знаење и амбиција“, истакнува Петрески.
Различни опции за кариера за жените во ИТ индустријата
Марина Домазетовска, маркетинг менаџер во Сеавус, ги сподели своите ставови за родово-специфичните професии и позицијата на ИТ индустријата во овој поглед.
„Верувам дека денес постои голема општа свест за родовиот јаз во технолошката индустрија, а Сеавус не е исклучок. Родовата различност овде се негува како една од најважните вредности на компанијата. Во исто време, останува фактот дека имаме повеќе мажи отколку жени во технолошката индустрија. Начинот на кој технолошката наука се воведува преку образованието, и дома и во општеството, веројатно изгледа поживописен и попривлечен за мажите. Но, работејќи како маркетер во ИТ, можам да кажам дека оваа индустрија е навистина широка и предизвикувачка. Во неа има толку многу да се научи на дневна основа, толку многу да се создаде и да се постигне, што секој може да ја најде својата улога. Посебно жените! Технологијата еволуира на фасцинантен начин, и ние сме свесни за придобивките и неизбежноста од дигитализација и автоматизација во нашите општества, во нашиот секојдневен живот. Технологијата го прави животот полесен и подобар. И ова треба да биде доволно инспиративно за секоја жена да влезе во технолошкиот свет“, посочува Домазетовска, додавајќи дека има извонредни жени во Сеавус и дека би сакала да види повеќе од нив како говорници на Code Talks настаните на компанијата.
Дали има простор за конкуренција меѓу родовите во ИТ индустријата и технолошкиот сектор воопшто?
Земајќи предвид дека 65% во редовите на највисокиот менаџерски одбор на Сеавус се жени, Билјана Барукчиева, проект менаџер, и Наташа Арсовска, тест менаџер, даваат одговор на прашањето дали има простор за меѓуродова конкуренција во ИТ индустријата и технолошкиот сектор воопшто.
„Низ годините ми поставувале многу прашања за мојата работа и технолошката област во која работам. Како прв обучувач во Македонија кој има сертификат за Oracle и предава курсеви за бази на податоци, можам да посведочам дека и покрај одредени подобрувања во родовата еднаквост во денешното општество, мажите и понатаму доминираат во технолошката индустрија. Нема место за меѓуродова конкуренција бидејќи секој е подеднакво способен да го промени светот преку технологијата. Иновацијата не може да се случи без градење на односи и тимска работа. И овие вештини секогаш ќе бидат ценети, без разлика на вашиот пол“, потенцира Барукчиева.
„Единствениот начин на кој можеме да зборуваме за конкуренција е во смисла на знаење и експертиза. Секогаш мора да се учи, а ИТ индустријата е посебна баш поради тоа што во неа никогаш не престанувате да го надградувате знаењето. Ова е неопходно бидејќи имаме постојан развој и нови технологии. Иако жените сè уште се соочуваат со родови стереотипи, горда сум што во Сеавус уживаме во средина во која различни експерти можат да работат заедно, да достигнат нови височини и да се натпреваруваат со своите вештини против други водечки ИТ играчи“, посочи Арсовска.
Како ќе изгледа улогата на жените во ИТ индустријата во иднина?
Техничкиот раководител за Microsoft Technologies, Милица Панзова, зборува за тоа како според неа ќе изгледа иднината на ИТ индустријата и каква ќе биде улогата на жените во неа.
„ИТ индустријата е во чекор со најновите случувања, иновации и трендови во светот.Жените отсекогаш биле вклучени во секој сегмент од технолошкиот пејзаж и така ќе биде и понатаму. Новите трендови и технологии кои црпат инспирација од динамичните промени и потреби околу нас се всушност клучниот предизвик во новата реалност. А жените, како што се докажа многу пати досега, се подготвени за секоја промена“, истакна Панзова.
Технолошките компании треба да обезбедат еднакви можности за работа и да промовираат повеќе жени на лидерски позиции за да го поддржат нивното присуство и напредок. Од суштинско значење е компаниите да разберат што значат родовата еднаквост, различноста и инклузивноста. Со својата силна политика за рамнотежа на половите и еднаквите можности за работа, Сеавус е посветена на поттикнување и промовирање на разликите, што води до позитивна работна средина и задоволни вработени.
Прочитајте го целосниот извештај на следниот линк: https://seavus.com/insights/women-in-it
Поврзани артикли