Кинескиот сателит Shijian-21 (SJ-21) за ублажување вселенски отпад успеа да фати нефункционален сателит и да го извлече од неговата орбитa. Овој потег на Кина ги загрижи Американците кои тврдат дека оваа технологија би можела да се користи за загрозување на сателитски операции на други земји.
Компанијата Exoanalytic Solutions, која се занимава со следење сателити и која во 2021 година доби договор да дава информации на Американските вселенски сили, набљудуваше како SJ-21 исчезна од стандардната орбита. Сателитот потоа изврши голем маневар кој го доведе до кинескиот „мртов“ сателит BeiDou Navigation System. Потоа продолжи да го влече нефункционалниот систем од орбитата, па се искачи на поголема орбита која претставува „гробишта“ за сателити.
Сателитот SJ-21 беше лансиран на 24 октомври 2021 со помош на Long March-3B ракетата, а според извештаите на кинеските државни медиуми, неговата задача е да ги тестира и проверува технологиите за намалување на вселенскиот отпад.
Во ноември минатата година беше набљудуван како орбитира близу непознат објект во текот на наводна „намерна синхронизација“,
Кина никогаш не ја откри природата на непознатиот објект, а Американските вселенски сили сметаа дека би можело да станува збор за потрошен ракетен мотор на сателит. Други веруваа дека можеби станува збор за експериментален товар дизајниран за тестирање на можностите на сателитот SJ-21.
Иако мисијата на кинескиот сателит беше „мирољубива“, Американците се загрижени дека оваа технологија би можела да се злоупотреби.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли