Апликацијата my newz овозможува да ги следите најновите и актуелни вести од преку 250 македонски извори со посебна можност да одберете свои омилени медиуми и категории.
Новата мобилна апликација ви овозможува:
- Да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно.
- Да не губите време барајќи ги вестите што ве интересираат.
- Да не прелистувате реклами што ве нервираат.
- Да биде главен и одговорен уредник на вашите вести.
- Да креирате сопствени категории спoредвашите интереси.
- Да ги сочувате вестите и да ги прочитате подоцна.
- И можеби најважното – со селекција на вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажни вести.
Доколку не сакате спорт, во апликацијата нема да има вести поврзани со спортот, ако политиката ви е напорна, повеќе нема да читате за дневнополитички настани. Со само неколку клика ќе го создадете вашиот персонализиран е-весник и во него секојдневно ќе ги следите единствено информациите од категориите и изворите кои вие ќе ги одберете.
Бесплатна, лесна и едноставна за употреба и со само неколку клика my newz ќе стане вашето единствено место во потрага по тоа што ве интересира.
Апликацијата my newz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Оваа апликација е единствена во светот по своите карактеристики и може да се преземе од PlayStore, додека iOS верзијата ќе биде достапна до средината на февруари.