Обединетите Арапски Емирати со закон ја забранија употребата на комерцијални дронови.
ОАЕ сега се на листата на земји кои забранија употреба на комерцијални дронови и таа листа полека станува подолга. Причината за забраната е загриженоста дека тие релативно лесно можат да се претворат во „машини за убивање“.
Емиратите ги забранија беспилотните летала минатиот викенд низ целата земја без исклучок. Министерството за внатрешни работи ја објави забраната минатата сабота, една недела по нападот со дрон на нафтена фабрика и аеродром во Абу Даби, во кој загинаа три лица.
Нападот им се припишува на јеменските борци, а бил извршен со „балистички ракети и беспилотни летала опремени со експлозиви“. За време на објавувањето на забраната, министерството ја спомена „неодамнешната злоупотреба на дронови“, како и потребата „да се гарантира безбедноста на животот и имотот“.
Иако не е откриен ниту еден модел на дронот користен во нападите, бунтовниците претходно користеле мали дронови за да ги нападнат ОАЕ и Саудиска Арабија.
ОАЕ го задржуваат правото да го соборат секој дрон што е забележан, дури и ако се користи за работа и снимање без дозвола.
Меѓу земјите кои ги забранија комерцијалните беспилотни летала се Куба, Ирак, Иран и Мароко.
Загриженоста за опасностите што ги претставуваат беспилотните летала и роботската технологија бидејќи тие можат да се користат за напади од оддалечени локации се зголемија во последните месеци и години. Затоа, различни компании развиваат технологии за соборување на дронови. Fortem Technologies развива дрон DroneHunter кој снима и оневозможува други дронови користејќи мрежа. Технологиите за оневозможување на дронови се исто така ефективни и се користат за саботирање на овие летала во неколку земји.
Освен од дронови, страв има и од роботи, а минатата година е виден робот со снајпер поставен на грбот. Тоа е една од причините за покренување глобална петиција за забрана на „роботите убијци“. Во 2015 година, експертите Илон Маск, Ноам Чомски и Стивен Хокинг потпишаа отворено писмо во кое побараа од ОН да ги забранат таквите роботи, нагласувајќи го тврдењето дека повеќето истражувачи на вештачка интелигенција немаат интерес да развијат оружје со вештачка интелигенција.
Извор: Klix.ba