Приватноста на податоците е една од главните теми за дискусија во дигитално поврзаниот свет.
Ова прашање стана посебно актуелно за време на пандемијата на коронавирус кога сѐ повеќе луѓе беа принудени да поминуваат време на интернет.
Приватноста е начин да се обезбеди безбедност на интернет за сите поединци, а Денот на приватноста на податоците, кој се одбележува на 28 јануари, се обидува да ја подигне свеста за тоа.
Со зголемената популарност на мобилните апликации за пораки како што се WhatsApp, Telegram, Messenger и други, луѓето се повеќе се загрижени за заштита на нивните податоци.
За да ги смират стравовите на корисниците, компаниите воведоа голем број безбедносни карактеристики, како што е end-to-end енкрипција, за да се осигураат дека размената на информации не е видлива за никого освен за луѓето вклучени во одреден разговор.
Од друга страна, владите ширум светот вршат притисок врз интернет компаниите да им дадат пристап до овие разговори. Тие сакаат технолошките компании да осмислат начини за спроведување на законот за да можат властите да пристапат до енкриптирани платформи.
Меѓутоа, интернет компаниите веќе имаат голем број начини да обезбедат заштита на податоците, да проверат и да спречат ширење на дезинформации и други безбедносни мерки.
Верификација во два чекора – Ова им помага на корисниците да додадат уште еден слој на заштита на нивните профили на платформите за праќање пораки со end-to-end енкрипција. Процесот бара поставување на PIN за време на проверката на профилот, во случај SIM картичката да биде украдена или телефонот на друг начин да биде компромитиран.
Идентификација со допир (Touch ID) или идентификација на лице (Face ID) – Многу производители (Apple, Samsung, Google и други) ја имаат имплементирано опцијата за отклучување во нивните уреди користејќи сензори за отпечатоци или преку карактеристики на лицето.
Ограничување за препраќање – Некои апликации за пораки, како што е WhatsApp, имаат ограничување за препраќање пораки, што ја намалува можноста за споделување информации и ви овозможува да проверувате и спречите дезинформации.
Дополнително ограничување на вирални пораки – Одредени апликации имаат дополнителни ограничувања за испраќање пораки кои веќе биле испратени повеќе пати.
Пораки што сами се бришат – Платформите како што се Telegram, WhatsApp и други имаат опција пораките, фотографиите и видео фајловите сами да се бришат или уништат откако ќе бидат отворени и прегледани. Временскиот период за бришење по прегледувањето варира и може да се прилагоди во зависност од апликацијата.
Администраторски контроли – Им овозможуваат на корисниците да контролираат некои сервиси за праќање пораки со end-to-end енкрипција.
Кога станува збор за корисниците на персонални компјутери, ситуацијата е јасна. Експертите за сајбер безбедност препорачуваат често менување лозинки, користење комплицирани лозинки и користење антивирусен софтвер. И секако, не кликајте на сомнителни линкови.
Извор: B92.net
Поврзани артикли