Неверојатно висок имунолошки одговор е пронајден кај целосно вакцинирани лица кои потоа и се заразиле со вирусот.
Целосно вакцинираните луѓе кои се заразиле со COVID-19, како и оние кои биле заразени пред вакцинирањето, ново истражување откри дека го имаат најдобриот имунолошки одговор доколку повторно го закачат вирусот.
Истражувачи од Универзитетот за здравје и наука во Орегон земале примероци од 104 лица, сите вакцинирани со две дози од вакцината на Pfizer/BioNTech. 42 од нив никогаш немале ковид, 31 биле вакцинирани после прележување, додека 31 имале инфекција после вакцинирањето.
Примерок на крв на секој од нив истражувачите го подложиле на варијантите алфа, бета и делта на COVID-19 и откриле дека комбинацијата од вакцина и природен имунитет создава антитела барем 10 пати помоќни отколку имунитетот создаден само преку вакцинација.
Како резултат на тоа истражувачите заклучиле дека „додатна антигенска изложеност од природна инфекција значително го зголемува квантитетот, квалитетот и ширината“ на имунолошкиот одговор кон болеста, „без разлика дали првата зараза била пред или после вакцинацијата“.
„И во двата случаја ќе добиете многу, многу обемен имунолошки одговор – неверојатно висок“, вели Фикади Тафесе, асистент професот по молекуларна микробиоогија и имунологија при Универзитетот за здравје и наука во Орегон.
Студијата објавена во вторникот во Science Immunology списанието тврди дека „додека возраста негативно се одразува на создавањето антитела само со вакцинација, не е пронајдена врска помеѓу возраста и групите со хибриден имунитет“.
Тафесе истакна и дека веројатноста за заразување по вакцинацијата е сè уште висока поради распространетото ширење на вирусот, но и дека со вакцините „ќе добиеме послаба болест, а ќе излеземе со супер имунитет“.
Ова ново истражување сугерира и дека „секоја инфекција е чекор напред кон потенцијално приближување на пандемијата кон својот крај“.
Поврзани артикли