Дека омикрон сојот на коронавирусот е позаразен од претходните варијанти, веќе е добропознато. Но, јапонските научници откриле зошто тоа е така.
Омикрон сојот на коронавирусот успева подолго да преживее на човековата кожа и на пластичните површини во споредба со претходните варијанти на коронавирусот, откриле јапонските истражувачи во лабораториските тестови.
Токму таа изразена висока „стабилност во околината“, односно високата заразност и изразена издржливост, му овозможила на омикрон сојот да го замени делта сојот како доминантна варијанта и да се шири со толкава брзина, заклучиле јапонските научници.
На пластична површина просечното време на преживување на изворниот сој на коронавирус, изнесуваше 56 часа, на алфа варијантата 191,3 часа, на бета варијантата 156,6 часа, на гама варијантата 59,3 часа и на делта варијантата 114 часа.
Јапонските истражувачи заклучиле дека на пластична површина омикрон сојот се задржува 193,5 часа, а резултатите кои допрва треба да ја поминат стручната рецензија на нивните колеги, објавени се на интернет страницата bioRxiv.
На примероците од кожа просечното време на преживување на коронавирусот изнесувало 8,6 часа кога станува збор за истоимениот сој, 19,6 часа за алфа сојот, 19,1 час за бета сојот, 11 часа за гама варијантата, 16,8 часа за делта и 21,1 час за омикрон сојот.
Сите варијанти на коронавирус во целост се инактивирани од човековата кожа по 15 секунди изложување на средство за дезинфекција за раце на база на алкохол.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли