Британската софтверска компанија која од крајот на минатата година брои над 10 000 вработени од кои над 400 се во канцелариите во Скопје, ќе се пресели во нови работни простории во текот на ова лето.
Откако компанијата го усвои хибридниот модел на работа, потребата за нов, поинаков простор стана неизбежна, и во изминатиов период активно се работеше на наоѓање на нова локација која ќе ги задоволи потребите на компанијата, но и ќе биде во склад со новите трендови и начини на работа.
Новиот простор ќе одговори на побарувањата диктирани од хибридниот модел на работа. Ова значи дека сите тимови ќе можат сами да одлучуваат колку денови ќе работат во канцеларија, а колку од дома, според потребите на нивните проекти.
„Новите канцеларии во Скопје се едни од првите каде што воведуваме нов пристап што целосно одговара на хибридниот начин на работа. Иднината на работата ја гледаме како микс од функционални микро-локации со дизајн што овозможува оптимални услови за соработка на вработените – и во контекст на функционалност, но и во контекст на општата добросостојба“, изјави Горјан Кепески, менаџер на Ендава Скопје.
Моментално, просториите на Ендава се наоѓаат во склоп на Меморијалниот Центар на Холокаустот, а од летово ќе се преместат во нова зграда во околината на Скопско Кале, наспроти Градски Парк на кејот на Вардар.
Поврзани артикли