Според официјалните податоци на Toyota, нејзиниот Yaris е моделот со најмногу произведени единици во Франција за 2021 година
Јапонскиот хечбек минатата година е склопен во 156.464 примероци. Во суштина, ова не е одличен резултат, ако се земе во предвид дека во минатото овој субкомпакт лесно ја надмажувал и бројката од 200.000 произведени возила. Во слујајот, не станува збор за намалена побарувачка, туку за недостатокот на полупроводници и микрочипови.
За фабриката во Валенсиен и објавените бројки има уште една отежителна околност. Toyota производството на Yaris го започна и во фабриката во Колин, Чешка, која некогаш ја делеше со поранешната групација PSA.
Сепак, работниците на производствената локација во Валенсиен немаат причина за загриженост затоа што на овој погон е доделен и новиот Yaris Cross, мал кросовер од Б-сегментот од кој Јапонците имаат големи очекувања на европскиот пазар.
Патем, актуелните француски бестселери, како Clio или 208, се произведуваат надвор од матичната земја. Така, Clio пристигнува од Словенија, односно Ново Место, додека втората генерација на Peugeot 208 се составува во Словачка, Мароко и Аргентина!
Поврзани артикли