Речиси секоја петта ноќна астрономска фотографија сега содржи сјајни бели линии поради сателитите во ниската орбита.
Неодамнешно истражување предупредува дека зголемувањето на бројот на комерцијалните сателити од компаниите како SpaceX ја загадува ниската орбита и директно влијае врз астрономските фотографии, што може да доведе до тоа Земјата да стане поранлива кога се во прашање астероидите и можен удар.
Студијата објавена минатиот петок во Astrophysical Journal Letters тврди дека илјадниците сателити од програмите како Starlink на SpaceX прават голем број на ноќни астрономски фотографии да се покриени со светли линии.
Додека само 0,5% од ноќните фотографии направени во 2019 година имале ваков проблем, збојот се зголеми на неверојатни 18% во август 2021 година, што значи дека скоро една од пет ноќни фотографии се покриени со линии од сателити.
Истражувачите велат дека трагите од сателити „диспропорционално влијаат врз ноќните опсервирања“ кои се користат за да се пратат астероидите и кометите кои се во близина на Земјата. Она што алармира е дека овие сјајни траги наскоро може да резултираат со тоа што истражувачите нема да забележат одредени астероиди и комети.
Според авторите на студијата, сегашната бројка на сателити не е доволно висока за да има значително влијание на истражувањата, но проблемот е што ситуацијата од ден на ден значително се менува – на полошо.
Во неделата сопственикот на SpaceX, Eлон Маск, се пофали дека 1.469 сателити од Starlink програмата се активни во ниската орбита. Илјадници други сателити исто така орбитираат околу Земјата, а во еден извештај од септември се вели дека вкупната бројка е дури 8.000.
Поврзани артикли