Еден од симптомите којшто е откриен благодарение на апликацијата „ZOE Study“ не е на листата на најчести, но го пријавуваат поголем дел од заразените лица.
Омикрон варијантата на коронавирусот сега е најчеста во поголем број од земјите, а според оценките на поединечни здравствени експерти можно е токму деновиве да го доживее својот врв.
Во поголем дел од претходните варијанти на Ковид-19, губењето на сетилото за мирис и вкус беше еден од знаците кои укажуваа на инфекција, пренесува британски „Метро“.
Кога омикрон сојот првпат беше идентификуван, претходни извештаи покажуваа дека истиот би можел да биде поблаг од претходните варијанти и дека симптомите кои го следат можат да бидат поразлични. Како што се шири омикрон сојот, имаше сè повеќе извештаи кои ги потврдуваат претходните наоди.
Многу од европските медиуми известуваа за божиќната забава во Норвешка каде било откриено дека од десеттина луѓе кои пријавиле симптоми на инфекција, 12 отсто пријавиле изменето сетило за мирис, а 23 отсто изменето сетило за вкус.
Во петте општоприфатени симптоми на омикрон сојот спаѓале:
– Умор;
– Ноќно потење;
– Гребење во грлото;
– Сува кашлица;
– Болки во мускулите.
Иако губењето на сетилото за мирис и вкус не било толку изразено во оваа варијанта, инфекцијата понатаму се манифестирала со претходно утврдените симптоми кои според британската Национална служба за јавно здравје, вклучувале и:
– Губење или промена на сетилото за вкус и мирис;
– Континуирана кашлица;
– Зголемена телесна температура.
Иако не биле препознаени како директни симптоми, дијареја и мачнини исто така можат да бидат показатели на присуство на вирус во организмот.
Како што било наведено на страницата „ZOE Study“, благодарение на која губењето на сетилото за мирис и вкус биле издвоени како симптоми на Ковид-19 уште пред две години, дијарејата предизвикана од Ковид-19 е слична со стомачните проблеми кои можат да предизвикаат ротавирус или норовирус.