Британските и американските научници од почетокот се сомневаа дека постои голема веројатност Ковид-19 случајно да излегол од лабораторијата во Вухан. Сега тоа можат да го докажат.
Според информациите, се покажа дека тие јавно молчеа за своите сомнежи, бидејќи стравуваа дека можат да му наштетат на научниот рејтинг на Кина, но своите сомнежи ги искажаа во пораки на е-пошта, кои сега се откриени, пренесува британски „Телеграф“.
Сите детали излегоа на виделина кога на републиканските членови на Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес им беше овозможен пристап до спорните документи, по нивната жалба дека нивната содржина е многу преработена.
Сè започна со е-пошта напишана во февруари 2020 година од Џереми Фарар, директор на „Wellcome Trust“ најголемата приватна британска медицинска фондација, кој до неодамна беше и член на британскиот кризен штаб. Таа е-пошта ја напишал до Ентони Фаучи и Френсис Колинс.
„ Ковид се чини дека еволуирал многу брзо од вирус сличен на САРС во човечкото ткиво во лабораторија со ниска безбедност. Таквата еволуција можеби случајно создала вирус кој брзо се пренесува меѓу луѓето“, напиша Ферар.
Но, поранешниот директор на Националниот институт за здравство на САД, Колинс му рекол дека понатамошната дискусија за тоа „ќе предизвика непотребна штета на научната заедница во Кина, науката воопшто, но и меѓународната хармонија“.
Ферар во споменатите мејлови напиша и дека други научници веруваат дека вирусот не можел да се развие природно. Еден од нив е професорот Мајк Фарзан, кој откри како оригиналниот вирус САРС всушност се врзува за човечките клетки.
Посебно ги интересираше случајот со ензимот фурин, кој му помага на вирусот да навлезе во клетките и со тоа го прави исклучително заразен за луѓето.
„ Професорот Фарзан не верува дека ова се случило надвор од лабораторијата, иако таквото сценарио е возможно во природата, но веројатноста за тоа е многу мала. Прашањето е како да се комбинира сето ова – дали верувате во оваа серија случајности, дали знаеш за лабораторијата во Вухан?, колку може да има во природата – дали е случајно ослободување или природен настан? Моментално сум на размислувањата 70:30 или 60:40″ резимира Џереми.
И тие пораки не се единствените. Пораки на е-пошта кои се документирани испратиле и професорот Боб Гери од Универзитетот во Тексас и професорот Ендрју Рамбоц од Универзитетот во Единбург, кои исто така не биле убеден дека коронавирусот се појавил во природата.
„Телеграф“ наведува и дека институциите кои имале пристап до оваа електронска пошта постојано се спротивставиле на напорите за објавување на нивната содржина.
Поврзани артикли