Одлуката на кинеската влада да ги заостри ограничувањата за видеоигрите (на пример, каква содржина на видеоигри е дозволена) веќе резултираше со затворање на повеќе од 14.000 компании, кои беа принудени да отпуштат работници и да бараат пазари во други земји.
Дополнително, некои веќе започнати проекти се соочуваат со одложување на рокот за издавање дури и ако успеат да се префрлат на странски пазар.
Еден од тие наслови, пишува „Полигон“, е и Super Buckyball Tournament („Супер бакибол турнир“. Оваа футуристичка спортска видеоигра требаше да излезе во март, но кинеските власти не дале одобрение за ниту една игра уште од јули.
Покрај тоа, уште во летото минатата година Кина објави строги ограничувања за малолетниците поради страв од влијание на видеоигрите врз младите. Властите најавија дека ќе одобруваат меѓу 80 и 100 игри месечно, но ништо не се случило од август, а нема официјално објаснување.
Ова не само што влијаеше на индустријата за видеоигри, туку и големите играчи како ByteDance (сопственици на Тик-ток), Baidu (кинески пребарувач) и Tanwan Games беа принудени да отпуштат работна сила. Дури и поголемите компании, како што се NetEase и Tencent, ги префрлија ресурсите на странските пазари.