Aстероид долг еден километар на 18 јануари ќе пролета релативно блиску до Земјата.
Ќе помине на растојание од 1,93 милиони километри од нашата планета, движејќи се со брзина од 19,56 километри во секунда. Станува збор за астероидот 7482 (1994 PC1) кој е откриен во 1994 година.
НАСА наведува дека нема веројатност овој астероид да удри во Земјата, но дека следната недела ќе помине најблиску до нас во следните два века, пишува CNN.
Тоа нема да биде најголемиот астероид кој некогаш поминал покрај Земјата. Таа чест му припаѓа на астероидот 3122 Florence (1981 ET3), кој прелета покрај нашата планета на 1 септември 2017 година, а беше широк помеѓу 4 и 9 километри.
Иако е малку веројатно дека 7482 (1994 PC1) ќе биде видлив со голо око, би можело да го следат астрономи аматери со нивните телескопи.
Поврзани артикли