Јунајтед Груп денеска објави дека е завршена аквизицијата на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas.
Групата досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и ќе инвестира уште најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во следните пет години во оптичката мрежа, Pay-TV услугите и 5G-мрежата. Ова е една од најголемите инвестиции во Грција во последните години.
„Стекнувањето на Wind Hellas претставува значајна пресвртница за Јунајтед груп и телекомуникацискиот пазар во Грција. Ова е уште еден чекор да им обезбедиме на клиентите во таа земја најдобрите производи и услуги што нашата индустрија може да ги понуди“, изјави извршниот директор на Јунајтед груп, Викторија Боклаг.
„Преку инвестиции и примена на нашата експертиза од сите осум пазари на кои работи Групата, ќе можеме да обезбедиме врвни производи и најдобро корисничко искуство на резиденцијалните клиенти и компаниите во Грција“, заклучува Боклаг.
На овој начин, Групата ја прошири својата понуда на услуги во Грција за уште 3,4 милиони клиенти, со што бројот на клиенти на Јунајтед груп во таа земја се искачи на 4,7 милиони или вкупно 15,2 милиони.
Јунајтед груп, со седиште во Холандија, е водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чии рамки функционира Total TV во Mакедонија, а медиумските содржини се објавуваат од телевизијата и порталите N1, Nova S и Sport Klub.
Групата влезе на грчкиот пазар во 2020 година со преземањето на компанијата Нова. Оттогаш, ја ребрендираше компанијата и ја воведе најпопуларната ТВ платформа во регионот – ЕОН, со цел да ја зајакне својата позиција на локалниот пазар.
Од купените компании Wind Hellas и Nova во Грција, Јунајтед груп ќе создаде конвергентен оператор со цел да стане втор на пазарот.