PayPal размислува за лансирање сопствена криптовалута која би била врзана за американскиот долар, додека истовремено оваа компанија за онлајн плаќање продолжува да ги интегрира начините за интеракција со дигиталните пари нa своите платформи.
Засега ја истражуваат идејата за пуштање во употреба на т.н. stablecoin, односно криптовалута која ја поддржува постојната валута и чија вредност е поврзана со таа валута, а тоа PayPal го потврди за Bloomberg.
Девелоперот Стив Моусер пребарувал по апликацијата PayPal и открил докази дека компанијата испробува нешто со криптовалутата наречена PayPal Coin. Моузер пронашол и референци за уште една криптовалута, Neo, во апликацијата на PayPal за iOS уреди. Своите откритија ги објавил на својата интернет страница The Tape Dive.
PayPal моментално поддржува купување, продавање и чување на биткоин, биткоин кеш, етереум и лајткоин. PayPal на корисниците им овозможи држење нa криптовалути од октомври 2020 година, а во март минатата година овозможи и купување на стоки и услуги со поддржаните криптовалути.
PayPal не наплаќа провизија за чувањето на криптовалутите, но затоа зема провизија за трансакциите од 2,3% или помалку. Засега е непознато до кој степен PayPal ја развил својата криптовалута, а одбиваат да ги коментираат наводите.
Поврзани артикли